СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Од:

„Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. 5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко – скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“ соопштија попладнево од СДСМ.

Од опозициската партија велат „Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.

„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта. Сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година. Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски