СДСМ: Кога лаже кумот Ставрески?

Од:

„Дали пред неколку дена излажа Ставрески, кога со свој потпис потврди дека до крајот на октомври капиталните инвестиции се реализирани едвај 55%?

Дали денеска излажа Ставрески кога изјави дека растот на индустриското производство е резултат на реализацијата на некаков висок износ на капитални проекти?

Или и во двата случаи?

Статистичките „гимнастики“ на директорот на Државниот завод за статистика излегуваат на површина. Ниту изјавите на Груевски и неговиот кум Ставрески не го перат од одговорноста директорот на ДЗС за испораката на бараните, нарачани резултати.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност за исполнување на желботеките од џубоксот на премиерот во заминување.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он