(ВИДЕО) СДСМ: Како Бонева се запишува на факултет во Штип?

Од:

СДСМ објави прислушувани разговори за кои посочи дека се доказ како се злоупотребува штипскиот универзитет од страна на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот разговор е помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев, ректор на универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде се слуша како Милошоски бара вработување во Универитетот за негов пријател. Треба да се повика на Милошоски, лично Милошоски сугерира како треба прво да да волонтира, рекоа од СДСМ.

СДСМ објави и разговор помеѓу пратеничките Надица Танчева и Силвана Бонева како се договараат за запишување на Бонева на Универзитетот. Бонева вели дека е срамота, а Танчева ја убедува дека ќе се истера работата.

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев

СМ: Исто се повикува и на вас….
АМ: Да да да точно е точно е…
СМ:Епа добро јас го имам тука ставено кај мене во, ова… во фиоката… и …
АМ: Во човечки ресурси.
СМ: И согласностите … или ако сака он у меѓувреме да волонтора нешто да… и да го имам во…
АМ: Знаеш што јас… да, јас мислам дека нормално знаеш за согласностите се бориме дек не е лесно ке му помагам колку што можам ама, може, може, во меѓувреме тој и да си волонтира, сепак да го запознаете да го видите, тој да ве запознае, така.
СМ: Обично и така волонтираат некое време па да влезат во комбинација.
АМ: Да да да си ја види средината средината него и така.

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Надица Танчева Тулиева

НТТ: Силвана
СБ: Еј…
НТТ: Уписите ќе бидат у август класичен упис ќе биде тоа
СБ: Значи класичен упис ќе биде у август, така ли.
НТТ: Класичен упис у август и незнам ќе тераме работа ич да не му се секираш се се наши све таму и ќе ја истераме работата.
СБ: Треба да земеш и как идеш сеа ке идеш другата нЕдела понеделник вторник негде ке има седница за одлуката за колку комисии колку делегации колку такво начелното
НТТ: Аха така.
СБ: И можеш да ми земеш е такви как ги викат шо има испити кај има.
НТТ: Ќе ти земам се се ќе ти земам ќе донесам.
СБ: Какви смерови шо има шо знам шо има и да видиме у тие таквите да ги погледнеме да видат шо ќе признаат от как го викаат она кога треба после со писмото изгледа со уписот как ке се одаде така ли.
НТТ: Силвана со деканот шо е Ананиев овој нашиот човек он е сега декан не е веќе оној Стефан Алексовски оној гадниот шо беше… овој нашиов човек е тука значи таму упис ќе направиме кај шо се тие нашите професори ќе ти кажам јас и смер и се само ти дополагај ги значи некои испити шо ти се признаваат се ќе ти кажам јас другата недела.
СБ: Епа добро они само как беше делот за Орце у ФОН незнам колку беа 9 ли 11 ли беа кажаа дека признават ама они ќе видат таму според програмата.
НТТ: Ќе завршиме де тука работа штета да не искористиме тука.
СБ: Не бе не срамота е веќе.
НТТ: Ќе биде бе ич да не му се секираш шо не е бидело.
СБ: Земеш ти живи здрави само.
НТТ: Ја некна затоа не ти … викам ај да не те замарам оти Микица ми кажа у август вика со класичен упис се шо треба ќе ти кажам вика сеа не ја замарај жената сега оти уште е рано и така де ке ја тераме работата и ке биде се како шо треба да биде.
СБ: Ааа со класичен упис шо сака нека е значи они претходно треба само да донесат решение шо признават од испити и дек ке ме запишуваат у која година.
НТТ: Е така они го гледаат уверението Ананиески Сотировски незнам кој и кажале таму некои испити се признаваат ама се ке ти кажам ја подетално.
СБ: Епа арно да видиме кои се се признават они решение треба мислам да донесат шо признаваат и у која година ме запишуваат после врз основа на тоа.
НТТ: Е така, ќе биде.
СБ: Ајде здрави живи ќе се видиме.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски