Јанкулоска и Јанакиески се среќни што постигнале прегласување во Струмица и како договараат понатаму да „нагазеле јако“, па и „цела Влада“ да биде на прегласувањето во Струмица“.
Вториот разговор е помеѓу Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, преку којшто се открива целосната злоупотреба на полицијата во партиско – изборни цели, рекоа од СДСМ за разговорите кои ги објавија на прес конференцијата во Струмица.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески
ГЈ: А бе и мене не ми е, некој гласал, некој не гласал. А Струмица као ќе има прегласување?
МЈ: Тоа дефинитивно е.
ГЈ: Па тоа е супер. Таму треба јако да нагазиме.
МЈ: Треба прегласување и после знаеш што е добро? Сега не знам како е, Срцев го барав, а го прочитав сеа. Прво се прегласува, па после има втор круг? Логично е така?
ГЈ: Да, да. Оти знаеш, таму зависи дали ќе има втор круг од самото прегласување. Зошто може да падне цензусот…
МЈ: А ако остане само Струмица, сите у Струмица тогаш топтан.
ГЈ: Еее, тогаш комплет.
МЈ: Цела Влада у Струмица, претседатели на месни комитети да бидиме.
ГЈ: Да, да.
МЈ: После лесно е да имаш една…
ГЈ: Е многу ми е мерак…
МЈ: Една општина да имаш…оооо, Струмица
ГЈ: Многу ми е мерак да ти кажам.
МЈ: Посебно на мене и на Зоки, ептен.
ГЈ: Мене ми е ептен мерак за Струмица.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски
ГЈ: Е па затоа јас тебе ти кажувам, затоа и вчера она што ти го кажав, значи сега од сите страни ќе… Вчера, пошто знам еве Струмица, знам со кој си имам работа, седнав во кола појдов до Струмица, пошто ќе почне пријателкава наша да дига галама. И си направив муабет со моиве луѓе што треба и после си седнав со началникот на чај. И дојде пријателкава. Коа му се пушти на човеков, Маријане, сите полицајци се од ЕС-ДЕ-ЕС, ова, она. Вика Силвана, не се сите, ја ги правев патролите. Вика овој го вработивме ние, овој ми го фалеше ти, овој ми го фалеше Славе. Вика јас сум ги правел патролите и точно знам кој полицаец ми е у ромско маало, кој е пред штабот на ЕС-ДЕ-ЕС, кој е пред штабот на ВМРО, као не се од ЕС-ДЕ-ЕС. По дифолт, Заев дели пари.
КБ: Да, да.
ГЈ: Е како делел Заев пари? Пошто нели ние да видиме како ги делел нели париве? Заев идел од куќа на куќа и колата на жена му поминала низ ромското маало. Па тоа не е делење пари. Така и Васе Пишев оди од врата на врата.
КБ: Да, да, да.
ГЈ: Не можеш да му забраниш. Замисли кој скандал е полиција да го приведе, него или жена му, или брат му, зошто одат од врата на врата.