(ВИДЕО) СДСМ: Јанкулоска вели – За уши, циган по циган ќе вадиме

Од:

СДСМ објави снимки за кои кажа дека се помеѓу Гордана Јанкулоска и пратеникот Васил Пишев на кој му дава инструкции како каде што имале тесен резултат да не потпишуваат записници, оти потоа луѓето ќе ги ваделе “за уши“.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Васил Пишев

ВП: Кажи министерке?

ГЈ: Ало, Васе, како е ситуација?

ВП: А бе добро е тука, ама се топи тоа…

ГЈ: Види, му кажав на Славе таму каде што мислите дека е тенко не потпишувајте записници, оставајте простор за приговор.

ВП: Добро, готово…

ГЈ: Оти неаме контрола таму. Остајте простор, па после за уши, циган по циган ќе ги вадиме. Хаха

ВП: Важи, договорено.

ГЈ: Сега мора така, оти затворени се избирачките места.

ВП: Одма.

ГЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Славе Гошев

ГЈ: Важи Мирко, штом имаш нешто јавувај. Ало, ало?

СГ: Министерке?

ГЈ: Кажи бе Славе.

СГ: А бе тесна е разликата, имаме две во ризични мест во џупците, нешто да направиме таму, инцидент, за да се прегласат. Таму има 3.000 гласачи. Значи само 500 разлика губиме, уште три избирачки места чекам. Шо да правиме? Ај кажувај?

ГЈ: Ама тие отворени ли се избирачки места?

СГ: А бе затворени се, таму нашите нешто унатре да направат некој инцидент, да може да го поништиме гласањето таму.

ГЈ: Па нека не потпишуваат записници, нека направат нешто.

СГ: Така ли? Добро, ајде.

ГЈ: Оти ако е затворено избирачкото место не можеш ништо да направиш. Сега на броењето треба.

СГ: Затворено е, нели тоа се е затворено…

ГЈ: Да де да, у 7. Многу е касно Славе.

СГ: Многу е тесно тука, 500 разлика губиме, а уште три избирачки места имаме.

ГЈ: Туу, да му се…

СГ: Тие се таму циганаријата горе, да му ебам мајката…

ГЈ: …да му се сневиди. Глејте нешто не потпишувајте…

СГ: Ај да видам да не потпишат нешто…

ГЈ: …засписници, приговори…

СГ: …важи…

ГЈ: …нешто така да се прегласа…

СГ: Важи.

ГЈ: некое ливче нека снема, хаха, ајде

СГ: Добро.

ГЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Славе Гошев

СГ: Кажи министерке?

ГЈ: Ало, Славе што направивте?

СГ: Е па ништо, или ќе има прегласување на 4-5 избирачки места, значи тоа што го направивме или ќе има втор круг, па сега ќе видиме…

ГЈ: Добро…

СГ: Дефинитивно според записниците…

ГЈ: Значи не е прв поминат. Така?

СГ: Нее како, ги нема никаде низ град, наште слават.

ГЈ: Тие 4-те се киај Ромите?

СГ: Па две се кај Ромите, две се у град дек што можеме да имаме влијание. Дек што ние добро стоиме.

ГЈ: А бе кај Ромите за уши ќе ги носиме, не смее, тоа не смее…

СГ: А бе тоа не е проблем, туку…

ГЈ: Битно не поминал у прв.

СГ: Не, не. Еве ги нема низз град никаде.

ГЈ: Па кажи бе Славе, само кога имате мака се јавуваш да му се сневиди. Хахаха

СГ: А бе шефице….

ГЈ: Браво, браво.

СГ: Слушај, ја не сум Силвана Бонева.

ГЈ: Хахха, немај гајле.

СГ: Хахаха.

ГЈ: Ептен ми е мерак за вас, да ти кажам. Посебно, посебно.

СГ: Знаеш што најмерак ми е што никој не очекуваше и сега гледаш, како се смеам. Хаха

ГЈ: Е па види, голема разлика елиминиравте таму. Битно ми е да има втор круг, втор круг значи…

СГ: Е па сега тоа ќе видам, според, го немам дефинитивниот број на неважечки ливчиња и другите два канидата, ќе видиме дали ќе има втор круг или ќе има прегласување на тие четири, за да има втор круг.

ГЈ: Како и да е, битно он не пројде…

СГ: Како и да е важно он не победи, не слави, ние славиме, е тоа е.

ГЈ: Е тоа, тоа е најбитно, најбитно. Втор круг почнува до нула. Они дебакл доживеаа, ќе видиш втор круг неколку илјади ќе му начукаме разлика.

СГ: Како е низ другите места, јас ништо не знам што се случува?

ГЈ: Добро е Славе, добро е.

СГ: Тука Василево, Босилево прв круг тепаме, секаде нашите општини.

ГЈ: Да, да, да тоа е, што би рекле комуњариве бетон. Едино Кичево го изгубивме,

СГ: Аа, у пичку матер.

ГЈ: Тоа е вака мислам.

СГ: Шиптарите а?

ГЈ: Да.

СГ: А Скопје?

ГЈ: Скопје е добро, све си е океј. Не знам градот како е, дали помина 50 % Коце, оти многу кандидати имаше. Општините се океј, секаде победивме. Карпош нормално не, можно е да не одиме во втор круг, ќе видиме таму сме послаби. Другите победивме.

СГ: Чим е така од вторник…

ГЈ: Па тоа е, Куманово одиме втор круг, Охрид победивме прв круг.

СГ: Од вторник со Зоки во Струмица.

ГЈ: Еееј, ако…

СГ: Е така да знаете.

ГЈ: А бе дај Боже и таму да биде ко што треба…

СГ: Ќе биде, би требало да биде, се надеваме.

ГЈ: Сега се мобилизираме сите, втор круг кај што ќе има, трчаме, правиме што треба. Куманово исто втор круг, и тоа водиме Куманово со 1.000 разлика.

СГ: Супер, браво.

ГЈ: Така да добри сме, супер е резултатот. Практично ЕС-ДЕ-ЕС нема ниту една општина у прв круг.

СГ: Да, да. Е па Стевче, што не е нивни.

ГЈ: Стевче не е нивни, Стевче…и плус и таму има втор круг. Таму е битката за 100тина гласа дали…

СГ: …ќе влеземе ние у втор круг.

ГЈ: …ќе влеземе ние или ќе влезе Андреј у втор круг. Така да, мене ми е битно кај вас…

СГ: Нема кај нас, не победи, и тоа е.

ГЈ: Тоа ми е најбитно.

СГ: Не му дозволивме.

ГЈ: Тоа ми е најбитно, сега почнуваме од нула. Браво. Поздрави ми го Васе.

СГ: Фала, фала, фала. Ајде чао.

ГЈ: Поздрав.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски