Миле Јанакиески и Александар Панов, само два дена пред првиот круг од локалните избори, Панов го информира Јанакиески дека поднел оставка на градоначалничката функција до Министерството за локална самоуправа.
Јавноста за оваа оставка никогаш не дозна иако имаше различни шпекулации помеѓу граѓаните на Кавадарци. Но вистината е една и таа секогаш излегува на виделина.
Токму вториот разговор од овој сет ја открива вистината каде „се загуби“ оставката на Панов. Миле Јанакиески во разговор со Мартин Протугер открива дека лично тој дал наредба барањето за оставка на Панов да биде скриено, за јавноста да не дознае. Зошто и на кој начин Александар Панов бил присилен да ја промени својата одлука и да ја повлече оставка се уште не може со сигурност да се потврди иако имаме одредени индиции, рекоа на прес конференцијата на СДСМ во Кавадарци.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов
АП: Ало
МЈ: Е?
АП: Министре
МЈ: Ааа
АП: Значи само тебе ти се јавувам… болеста ми е колуминација… се разведувам со сопругата… и вчера си поднесив оставка на градоначалничката функција
МЈ: Како бе така Александар?
АП: Не можам више да издржам
МЈ: Чекај сега, два дена пред избори да му е… мајката
АП: Знам ама тоа нема да го знаат никој, само ти ќе го знаиш. Мислев да го праам тоа после избори меѓутоа не можев да издржам
МЈ: А шо ти е на болеста?
АП: Тоа е на нервна база, неам разбирање никакво дома од сопругата… не знам, се ми е хаос… сакав тоа да го направам во понеделник меѓутоа…
МЈ: Ама ајде ќе те олабајме, а кај, кај поднесе оствка?
АП: До локална, министерот за локална самоуправа. На писмено ја поднесох и ја пратив вчера
МЈ: Добро бе, ќе те изолирам од акционер
АП: За тоа ти се јавувам јас да знаиш дека… ако работам ќе бидам само штета сеа вака потонат пред луѓето
МЈ: Добро
АП: Подобро да се скријам настрана
МЈ: Ајде
АП: Ајде
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер
МЈ: Чисто сега да ти кажам да не излези, и се јавив на? да го земи барањето да го скрие, чисто да знаеш…сакав да ти кажам што се случува
МП: Шо да го скрие
МЈ: Барањето, да не излезе во јавност
МП: А зошто оставка да си поднесе?
МЈ: Е ајде де… со жена му се оставале, бил болен, не можел да ги издржи притисоците, вика сакав после избори, не можев да издржам и вчера си поднел оставка.
МП: Дај ми го бројот негов, ајде… прати ми го по порака ајде.
МЈ: 219 …
МП: Го имам, го имам ајде.