(ВИДЕО) СДСМ: Јанакиески договара правење 300 лични карти

Од:

СДСМ објавија разговори за кои посочија дека се помеѓу Миле Јанакиески и началникот на СВР Струмица, Марјан Наковски, а во кои се договара правање на 300 лични карти.

7. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица)

МЈ: Маријан?

МН: Повели министре.

МЈ: А бе има 300 лични карти за Струмица. Во тек си?

МН: За да се прават или треба да стигнат?

МЈ: Да се прават.

МН: Ууфф…

МЈ: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанушев, чекај да ти дадам број.

МН: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица)

МН: Повели министре.

МЈ: Маријан, ај слушни се со овој дечково Сашо Нинов. Овие од притвор ги пуштиле и сега на нашиве им е страв да држат стража.

МН: Ај ја ќе се слушнам со дечките. Како бе може така да ги пуштат? И обвинител имаме наш, и…

МЈ: Е ајде де. Види што е работа.

МН: Ајде, важи, важи.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски