(ВИДЕО) СДСМ: Иванов ургира обезбедувањето да му замине во Авганистан на печалба

Од:

Економската состојба на граѓаните во Македонија е толку лоша што дури и припадниците на специјалните полициски сили се принудени да одат во Авганистан.

Јанкулоска, во разговор со Ставрески, открива дека и обезбедувањето на Ѓорѓе Иванов сака да замине во Авганистан, а за тоа да се релизира ургира лично Иванов, рекоа во СДСМ на прес конференцијата во Штип. Тие како доказ објавија два разговори за кои посочија дека се помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Да

ГЈ: Ало, шо праиш?

ЗС: Еве Горде, едно доаѓање и ми се дига притисокот.

ГЈ: Ах, тоа…

ЗС: Се нервирам, шо да ти кажам. Кај ќе помине, ај да не го користам името на Господ, греота е, не сакам.

ГЈ: Не, ама стварно е така.

ЗС: Знаеш, сега ќе помине таму и тоа е сега, ќе им се позлати таму и одма станови ќе им се купат на тие, а оние јадницине таму по Куманово и по струмичко кај шо не поминал…

ГЈ: Абе Зоки, три пати ургирав вода за пиење да им донесат на луѓево.

ЗС: За некои ќе има 100 евра, за некои ќе има 20 илјади евра и ако земеш да дискутираш, не ја разбираш темата. Ти, си излегол на терен? Не, на сунчање бев у Монте Карло.

ГЈ: Ти не си видел од канцеларија.

ЗС: На јахта бев ја во Монте Карло до сега, знаеш.

ГЈ: Да, да.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски

ГЈ: Абе кај нас еден куп луѓе од специјална отидоа.

ЗС: Од што го бараат него таму, го бараат зошто е трениран, готов кадар.

ГЈ: Да де да.. у него има инвестиција десет години, нема обуки што не ги поминале,и сега оди таму, факт е дека сега за три месеци триесет илјади евра ке земе, хм, ама неможе така, некој друг да те тренира, тии да си вадиш пари на тоа, приватно.

ЗС: Да де и сега ја треба да барам нов, и ти треба да си останеш без човек, три месеци, он таму пари да праи.

ГЈ: Аа кога ќе се врати ќе видиме кај ќе работи, нема да работи у специјална.

ЗС: Па сигурно, не ни сакам ја да работи кај мене.. после тоа.

ГЈ: Ќе работи.. не , ќе работи некаде полицаец у куќичка.

ЗС: Да. Океј..

ГЈ: Јас се изнервирав тогаш, спротивно на муабетот со тебе, Џоле на два пати ми се јавува, ми вика, ама знеш нема пари да иде ова она, па викам абе претседателе, не е добро обезбедување на претседател, прво некој ако разбере, скандалозно е.

ЗС: Па сигурно, второ он знае толку тајни за начинот на обезбедување на претседател и на вице премиер или на било кој….

ГЈ: Да де да…

ЗС: .. што може било кој за уште триесет илјади евра , и може да те продаде како сака..

ГЈ: Да де даа, па тоа ти викам, јас..

ЗС: Кај го има тоа , после ваква работа.

ГЈ: И тоа Џоле ми бараше на двапати у иста година, викам неможам у иста година, пошто незаконски, и го одбив, чекаше до јануари другата година, да речеме првиот пат беше у март, од март, како му доаѓа до јуни јули, чекаше јануари, пак отиде јануари.

ЗС: Толку му сече на тој, па ти , тој е лефтерен тип.

ГЈ: Ама не е.. мислам претседател на држава е во прашање, не е претседател на месна заедница.

ЗС: Да ама на што ќе личи, идат наај, овакво, највисокото обезбедување од државава наша, пази медиумски ако се дозна, на што ќе личи.

ГЈ: Мене тоа ми беше поентата.

ЗС: Такааа? нема да личиме на сериозна држава,бегаат. Како ќе се оправдаме ние како политичка партија, ќе речат дури и тие што се на овакво..

ГЈ: Што им се најблики …

ЗС: Бегаат у странство..

ГЈ: Не, тоа не е,мислам ..

ЗС: И политички штетно и вака бе, зошто треба да одат они таму,као, тренирано говедо тука си го пуштил на милион места да оди на обука , и сега он таму ќе.. си отиде.

ГЈ: Многу луѓе си одат.. мислам , ти кажувам еве и брат му на Влатко сега ќе оди у Авганистан .. и он работи.. и ќе си земе неплатен одмор. Он работеше три години у Авганистан, мада он не работи такви работи, он работи ПИ-АР, не ее мислам, високоризична работа, а е исклучително добро платена, ќе иде три месеци, ќе земе може и повеќе пари он, он тоа не може тоа да го заработи за две години овдека..

ЗС: И тоа не е во ред сега.. и тој..

ГЈ: Не е во ред..

ЗС: Тукааа, со твоја ургенција се вработи и сега пак му текнало..

ГЈ: Да де даа.

ЗС: Си оди сега.. мислам не ево ред.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски