СДСМ: Итно да се укине радиодифузната такса

Од:

Потребно е итно укинување на радиодифузната такса за граѓаните побрзо да бидат ослободени од трошоци и притисок, како и да се обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од буџетот, порачува СДСМ.

„Неправедно е граѓаните да плаќаат даноци за да го полнат буџетот и дополнително да плаќаат rадиодифузна такса за финансирање на партиско гласило во што е претворена МРТВ. УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса. Тоа кај граѓаните и кај фирмите создава дополнителни проблеми, малтретирања, хаос со наплатата и нови трошоци. Барањето за укинување на радиодифузната такса е мерка од програмата на СДСМ што е интерес на сите граѓани во Македонија.“, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.

Реформите во медиумите, како што се наведува, се една од клучните точки во договорот од Пржино и еден од главните услови за слободни, фер и демократски избори.Неспроведените реформи за слободни медиуми, покрај прочистувањето на избирачкиот список, беше клучна причина за одложување на изборите на 24-ти април, потсетува СДСМ и додава дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори со прочистен избирачки список и реформи во медиумите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија