„Поради пустата желба за поголем и нов авион за луксузирање Гордана Сиљановска денеска кажа дека колеги претседатели ја коментирале староста на македонскиот владин авион и велат бил од времето на браќата Рајт. Рекле мал бил авионот ама не прашање за платите колку се мали. Само за авионот. Кои колеги? Можеби колегата Мицкоски или колегата Николоски. Бидејќи староста на владиниот авион во Македонија е околу 20 години. Хрватскиот владин авион е постар – 27 години, словенечкиот авион исто така, 23 години, а двете земји се членки на ЕУ. Црногорскиот владин авион е исто така постар, 27 години“ реагираат од СДСМ.
Од опозициската партија велат „Да видиме во најбогатата земја во светот, САД. United Airlines (САД) има просечна старост на флотата од 15,4 години (податоци од 19 февруари 2026 година). Најстариот авион има 35 години. Имаат околу 250 авиони стари меѓу 25 и 30 години кои секојдневно летаат и извршуваат комерцијални летови низ Америка“.
„Но Гордана Сиљановска вели дека браќата Рајт користеле „Лир џет“. Нејзе ѝ е „стар“ авионот, па мора нов – и тоа поголем. За Мицкоски ни е јасно, купил Вучиќ нов авион, па мора и тој. Или го болат колената. Можеби и Гордата Сиљановска ја болат колената? Поради луксуз на грбот на граѓаните сите во ВМРО ги болат колената“ е ставот на СДСМ.
