СДСМ: Груевски предизборно продолжува со манипулациите!

Од:

„Свесен за целосно изгубената доверба од студентите и младите, премиерот во заминување, Никола Груевски, предизборно продолжува со манипулациите!
Во паника и без идеи, Груевски, го краде проектот на СДСМ за бесплатен превоз на студентите, откако три години бесрамно го ингорираше барањето на студентите.

Почитувани млади од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, знаеме дека и Вие самите сте свесни за лицемерието на Груевски, кој раскомотен во мерцедесот од 600 илјади евра и наочари од 60 илјади евра, со години не сака ниту да чуе за потребите на студентите!

Истиот тој прочитан премиер во заминување, кој 10 години барал локација за студентски дом, којшто никогаш не го изгради, а изгради партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ и по телефон си нарачуваше парцели на Водно, купувани преку фирми од Белизе.

Истиот Никола Груевски, кој е одговорен за егзодусот на 626.312 граѓани, од кои најголем дел млади!

Затоа сите млади, студенти, средношколци од Прилеп и Македонија, не веруваат во евтините трикови на манипулаторот Груевски.

Сите заедно, имаат една идеја и порака за спас на Македонија: ЗБОГУМ НИКОЛА!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски