СДСМ: Груевски ја поскапе струјата за над 100%

Од:

„Јавно го прашуваме премиерот во заминување да каже колку се зголеми бројот на енергетски сиромашни семејства во Македонија откако е на власт?

Нека одговори дали 80% од домаќинствата во Македонија се енергетски сиромашни?

Никола Груевски е последниот во Македонија што може да зборува за сиромаштија, особено за енергетска сиромаштија!

Никола Груевски со неговите погрешни, „дил ориентед“ политики предизвика директен удар врз стандардот на граѓаните, особено врз посиромашните.

Во континуитет, цели 10 години Никола Груевски ја зголемува цената на струјата, парното, огревното дрво.

Цената на струјата Никола Груевски ја зголеми за над 100%, цената на огревното дрво за 170%.

33% ангажирана моќност Никола Груевски ја вкалкуира во цената на струјата наместо да ја укине.

Но, затоа Никола Груевски ја укина ефтината тарифа за електрична енергија.

Граѓаните во Република Македонија знаат дека по изборите надоместокот за енерегетска сиромаштија ќе биде не 900 денари, туку 1.500 денари а тоа ќе го овозможи СДСМ.

Дополнително, СДСМ ќе ја врати и ефтината цена на струјата.“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он