СДСМ: Граѓаните континуирано дишат отров

Од:

„Цела Македонија дише отров наместо чист воздух. Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје е 18 пати над дозволеното а во Тетово дури 20 пати над дозволеното.
 
Колку е голем скандалот со масакрирањето на 47 децениските дрва во кампусот на Универзитетот свети Кирил и Методиј во Скопје потврдуваат овие податоци кои покажуваат континуирано загаден воздух во главниот град.

Tetovo
 
Граѓаните на Скопје буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.
 
Идентична е сосотјбата и во градовите низ Македонија. Во Битола и Велес канцерогените ПМ10 честички се 10, односно 8 пати над дозволената концетрација, додека во Кавадарци речиси 6 пати над границата.
 
Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. 
 
Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

европа во моментов
 
Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски кој потроши 630 милиони евра за споменици, троши 1 милион евра за ЛЕД телевизори, 600 илјади евра за мерцедес.
 
Груевски 10 години мисли на тендерите за богатење на фамилијата додека граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух.
 
На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски. Извршителот на Груевски, Коце Трајановски нека не го чека 24-ти април туку веднаш да поднесе оставка!
 
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски