(ВИДЕО) СДСМ: Еве како се договараа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, законот за бранители да не помине

Од:

СДСМ објавија разговори за кои кажаа дека се помеѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери во кој се открива договорот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ законот за бранители да се поднесе но никогаш да не се донесе.

„Не се секирај ќе биде исто се“ вели Мијалков и бара договор за сите детали кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски, цитираа дел од разговорот од СДСМ.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Е здраво.
СМ: Здраво Муса, како си?
МЏ: Добар, добар. Вие?
СМ: Добар, еве и ја. Ова е завршена работа, повлечено, пуштено пак и така. Па…
МЏ: А бе, јас читав ова, нели ќе барате и дискусииве во комисија да бидат по скратена постапка, тоа ќе биде потешко.
СМ: Нема да биде, не се секирај, ќе биде исто се. И затоа ти се јавувам да отидеме кај Трајко, ако можеме вечер. За да се издоговориме за сите детали.
МЏ: Па кога можеме?
СМ: Па еве 9.30-10, можеш? Вечер.
МЏ: Значи 9.30, океј можам.
СМ: Е така, измеѓу 9.30 и 10, сега ја ќе му јавам дека ние тоа време ќе дојдеме.
МЏ: Ај ќе ми пишете порака точно кога.
СМ: Да, да, да. Важно тоа време 9.30-10.
МЏ: Пошто имам некои состаноци.
СМ: Е така, ајде.
МЏ: Океј. Чао.
СМ: Чао.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Ало?
СМ: Муса,
МЏ: Да.
СМ: Еве јас возам натаму.
МЏ: Ние сме кај пријателот.
СМ: Таму си? Еве јас доаѓам, таму сум за…
МЏ: Го зедов и овој координаторот, мојот, пошто не ги памтам, Талат…
СМ: Значи за 5 минути ќе бидам кај Трајко.
МЏ: Океј, океј.
СМ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски