(ВИДЕО) СДСМ: Еве како партиски вработува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Снимки кои уште еднаш ја покажуваат поклопеноста на државниот систем. Како вработувањата се реализираат исклучиво по партиска линија и како прво се одредува список на имиња па потоа врз основа на тој список од „кадрова“ се распишува оглас за вработување, посочија од СДСМ.

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ

ВК: Влатко абе знаеш зашто ти се јавив…

ВЧ: Кажи…

ВК: Сакав да те замолам за нешто. Абе има… има еден дечко постојано конкурира, сеа тој од Штип е, мислам како да ти кажам, наш чоек е на 5 илјади населба младите сите ги води ме разбираш?

ВЧ :Добро?

ВК: Способен дечко е, на електро факултет електроенергетичар. Има ли некои шанси? Он има поддршка и од кадрова, заведен е таму Стојче го предлага, ме разбираш и така натаму…

ВЧ: Сега имавме ние… ние имавме конкурс за волонтери, се пријавил ли тој нешто во волонтерите? Не беше пријавен…

ВК: Па не знам имало некој оглас за вработување кај тебе сеа… или за волонтери…

ВЧ: Има има ама тој је за шо беа привремено за трајна трансформација, 13 луѓе

ВК: Ааа за тоа е.

ВЧ: Така тоа е, затворени се имињата таму

ВК: Аха аха, па добро ја дека не знаев и затоа ти се јавив…

ВЧ: Види вообичаено е, ти знаеш, треба прво да се одберет луѓето па после се отвара конкурс

ВК: Да бе да, јасно јасно…Значи ја затоа прашав, тоа е заведен кај Стојче, значи е заведен кај Стојче….да

ВЧ: Имаме ние сега 150 волонтери примавме…

ВК: Аха, аха…

ВЧ: Низ цела Македонија, арно ама и тоа е завршено, не знам дали се пријавил не се пријавил ама ако се пријавил требеше од кај Стојче да добиеме позитивно ама не знам како се вика, не знам дали е пријавен, штом пријавуваш не е пријавен…

ВК: Да, не знам за волонтер дали е пријавен, дека он е од Штип ако би дошол би требало знаеш многу трошок ќе му биде, тоа ти е за у Скопје волонтерството така?

ВЧ: Да, да за во Скопје е, генерално е за во Скопје

ВК: Аха, епа добро, ја…

ВЧ: Мада и за другиве подружници ама сите му се нему далеку, ние немаме ништо во Штип

ВК: Даа, он за во Скопје сакал да конкурира на некој од тие местата ама штом се затворени, ништо што да праиме, сеа тоа е…

ВЧ: За оваа тура ништо, нека прати нешто и да видиме коа ќе се отвори некоја можност зошто да не, добри инженери секојпат ни требаат

ВК: Да, добар е и посветен мислам вака со работа, ако викам ја дека е добар сигурно дека е добар…ме разбираш

ВЧ: Да да апсолутно…

ВК: Значи ааа има и партиски луѓе шо сакаат само да забушават, колку само да клатат врата и да земаат плата, реално…

ВЧ: Да да

ВК:…ама овој дечко е….вака аа вредно чоече…

ВЧ: Види не е лошо тогаш да ми пуштиш ти по мејл негово си ви па да го иаме во предвид ко ќе имаме нешто да го контактираме пред да одиме со отварање на конкурс.

ВК: Види ако би можел такво нешто да напраиш добро би било ама прво и ти би требало да го видиш, ме разбираш?

ВЧ: Да

ВК: … другата работа е… секако е мислам со поткрепа ама добро е и ти да го видиш за да си видиш мислам вака…јас кога примам така обично и од партијата барам за едно место 5 лица, 6, 7 да ми дадат…

ВЧ: Да, да, да, сигурно…за после да знаеш што си одбрал.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски