СДСМ: Единствена капитална инвестиција на Груевски и Ставрески е богатењето на фамилијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е во толку голем хаос од соочување со одговорноста за целокупниот криминал што едни лаги на Зоран Ставрески се обидува да ги поркие со нови лаги во нивните нервозни соопштенија.

Документот во прилог покажува дека на седница на Владата, токму кумот Ставрески, со свој потпис потврдил дека до крајот на октомври капиталните инвестиции се реализирани едвај 55%.

Груевски, Ставрески се повторно фатени во лага.

Единствени капитални инвестиции на Никола Груевски и кумот Ставрески се богатењето и бизнис интересите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите од спомениците вредни 630 илјади евра…

За грабежот на граѓаните, криминалот и корупцијата во изминатите 10 години ќе следува одговорност согласно законите.

Сите оние коишто го прекришиле законот, оние коишто им украдоа 10 години од животот на граѓаните, ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он