(ВИДЕО) СДСМ: ДУИ вработувала во СГС, за возврат обезбедувала гласови за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Сашо Мијалков одредувал кој да биде вработен во СГС, а кој да биде избркан, а агенцијата работела и за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден од разговорите Муса Џафери од ДУИ регира дека во агенцијата СГС има вработено лица, членови на ДПА. Мијалков вели сите ќе бидат ДУИ ако треба, само дајте ми ги имињата и ќе бидат трганти.

Следниот разгвор, помеѓу Мијалков и Слободан Николовски-Цобе потврдува дека агенцијата СГС треба да обезбеди вработувања за коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, а ДУИ пак да обезбеди гласови за ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е голем интерес партиски“ вели Мијаков, рече на партиската прес конфенренција во Кавадарци, претседателот на ОО СДСМ, Зоран Ѓорѓиев.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Во таа агенцијата за обезбедување…
СМ: Да.
МЏ: СМС, не знам како се вика…
СМ: СГС.
МЏ: Е. Има некои членови, вака битни активисти на ДПА од Чаир, но и некои кои се гонат…
СМ: Знам.
МЏ: Ми пренеле дека работат за таа агенција.
СМ: Ќе го решиме тоа брзо.
МЏ: Е така. Или заради тоа…
СМ: Ја чекав да ми кажат имиња, и сеуште не ми дадоа имиња. Мене ми рекоа ќе ги отстраниме, ми ургираа од друга страна, од кај вашиот, од кај овој…
МЏ: Пошто тие…
Од кај овој бе, од кај вашиот од Чаир…
МЏ: Ааа..ама мене ми пренеле дека тие се, без разлика тие се, неможе да бидат сите ДУИ. Ама ако се знаат дека се проблематични…
СМ: Не бе, ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат? Ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат ДУИ.
МЏ: Па тие ДУИ не можат да бидат, тие се…
СМ: Па не се ДУИ. Мене ми кажаа, ама ја не знам кои-кои се. И требаше овој вашиов од Чаир, како се викаше?
МЏ: Едниот од тие…
СМ: Како се викаше вашиот од Чаир?
МЏ: Како?
СМ: Вашиот у Чаир што ви е главен, како се викаше?
МЏ: А, Асани!?
СМ: Не бе Кацани, овој, ееј, не можам името да му го кажам…
МЏ: Еее, претседтел на огранок или што мислиш?
СМ: Таму што ви е главен на вас и нели што е со Али исто близок.
МЏ: Ама тој е, кај нас моментално претседател на општински огранок е Бекир Асани, а тој другиот…
СМ: Е Бечо, да. За Бечо Зборам.
МЏ: А другиот исто се презива Асани, што беше, што учествуваше 2008-ма и има потерница со овај…
СМ: Не, не. Слушај ме сега.
МЏ: Асани се вика по презиме.
СМ: Бекир Асани вашиот.
МЏ: Не, не и другиот се презива Асани.
СМ: Не ме разбираш. Дослушај ме до крај. Вашиот Бекир Асани, преку луѓе што ги познавам ми кажа за оваа работа. И јас му реков океј, тие луѓе ќе бидат тргнати, дајте ми ги имињата. И Беќо вашиот требаше да ми ги даде имињата и јас не ги добив имињата. Кажете ми ги, дајте ми ги имињата на тие луѓе, да се тргнат, разбираш.
МЏ: Океј.
СМ: Јас знам дека има луѓе, ама не ги знам по име. Дајте ми ги имињата.
МЏ: Океј.
СМ: Ме разбираш?
МЏ: Океј.
СМ: Е така.
МЏ: Ајде, се слушаме утре. Чао, чао.
СМ: Важи, ајде.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Да?
СМ: Еј Цобе шо праши?
СН: Добро еве надвор, тука сме.
СМ: Кажи ми, во врска со овие имињата што ти ги дадов, овие?
СН: Беше вчера човекот со мене разговаравме
СМ: Кој?
СН: Со Бушот
СМ: Аха
СН: И јас мислам овде по разговорот видов дека е лично. Му викам што имаш со овој, со Бечо, ништо вика душмани сме. Му викам со партија и тие работи. Не бе вика јас сум си добар и со ДУИ и со сите. Но ми вика меѓу нив имало некоја крвна завера нешто и сега лично овој форсира дека не чинат луѓето, оди на страна. Демек сака преку нивната лична завера и луѓето, штета прави на сите нас. А без нив таму не можеме да работиме. Овие нема да пуштат никого.
СМ: А види сега, како да најдеме некое решение, оти овие се јавија вчера пак, и не условуваат за гласовите што треба да ги дадат, мора да направиме некој бај-пас барем привремено додека не завршат изборите. А?
СН: Едино да ги тргнам тие луѓе што се, во друг реон, пред штабови да не се гледаат. Е сега ептен ако е толку, а тој е со ДПА и влегуваме и во друга игра, ДУИ не уценува, малце незгодна ситуација.
СМ: Абе незгодна ситуација ама мора да најдеме некое оптимално решение оти ова сега е голем интерес партиски.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски