СДСМ: Дожд, влага, мувла – ова оставија Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за студентите

Од:

„Денешните слики за прокиснатиот кров во собите на студетскиот дом „Стив Наумов“ се најголем демант за „мерките“ и „проектите“ за млади коишто лажно ги најавува Никола Груевски.

Доволно е да заврне дожд во Скопје за да прокиснат собите во студетските домови.

Дожд, влага, мувла – ова оставија Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за студентите.
Stiv Naumov 1

На медиумите од виртуелниот свет на поранешниот премиер Никола Груевски револтот на младите, на граѓаните не може да се чуе. Не може да чуе ниту дека за 10 години, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не изградија ниту еден студетски дом.

Никола Груевски и неговата банда за 10 години, ниту една секунда не помислија на младите и нивните потреби.

По промените, СДСМ ќе го спроведе проектот младинска гаранција, преку којшто младите по завршувањето на образованието нема да седат дома, или ќе работата или ќе се дообучуваат и надградуваат.

Преку мерката на СДСМ за бизнис инкубатори, државата ќе обезбеди целосна административна поддрршка но и неповрати 10 илјади евра за отворање на сопствен бизнис, со што ќе се отворат нови работни места.

По промените, покрај темелна реконструкција на постоечките домови, СДСМ ќе изгради студентски кампуси во рамки на студентските домови Гоце Делчев и Стив Наумов.

Дополнително студентите ќе добијат и студентска платежна картичка, која ќе се користи за сите плаќања во студентските домови и за попусти на јавниуслуги.

Затоа младите не му веруваат на Никола Груевски и ги очекуваат промените на следните слободни, фер и демократски избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија