(ВИДЕО) СДСМ: Бонева признава дека фирмите се рекетираат

Од:

СДСМ објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски. Таа признава дека фирмите и граѓаните се рекетирани, лично Никола Груевски бара таа да разграничи дали станувало збор за рекет, или според Груевски, за “спонзорство“ – оти “спонзорство“ значело “му викаш, ако можеш поногни ми“, рекоа од СДСМ.

5. Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

СБ: Ќе треба да внимавате за рекетот и за се тоа што ми го кажувате, пресликано се е Струмица. Јас му кажав на Миле, за време на кампањата, он малку го излажа Ставревски за да не му писка. Оти тоа било пред Миле нели да стигне во Струмица, рекетот што се правел во фирмите во Струмица. Меѓутоа, рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. И многу лошо тоа се одрази на…

НГ: Кој рекетирал?

СБ: …на самата кампања. Славе Гошев.

НГ: Од кого?

СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…

НГ:Чекај, ама рекет, што е рекет?

СБ: И веќе е сосопственик на Вега…

НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.

СБ: Со се. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за зимање пари. Со се и сешто. Немаше човек што….

НГ: Немам таква информација од никого јас таму, да ти кажам.

СБ: Е па не Ви кажале. Ама Миле го подбра после Славе Гошев, и излезе така бел како крпа од состанокот, оти отворено го кажаа и од другите комитети слушнале исто, околните. Нели регионална имавме средби, и отворено кажаа оти рекетот е тргнат. И плус и тоа од УМС си беше дозволил, како го викаат, тој јас се што ви викав дека не гласам за него, се потврди на тие избори оти не треба да постои. И тоа беше тргнат од царинарник, да дипли пари од фирма на фирма и викале прво 50.000 и не кажувале што, и луѓето почнале да се жалат. Терале евра прво, па после ако не даде, на третиот пат му викале, а бе ајде за 50.000 денари ли си? И да ми викаат луѓето, а бе што не кажуваат оти 50.000 терат, нека станат, ја им ги 50.000.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски