СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под наш притисок повлекува кадри

Од:

Неверојатно е на што е спремна Владата на Мицкоски да постави неквалификувани кадри. Мицкоски е решен по секоја цена да си постави блиски луѓе па откако ќе сфати дека не поминуваат во јавноста, ги повлекува, велат од СДСМ.

„Благодарение на притисокот на СДСМ и јавноста, уште еден таков кадар Афрона Вервизоли, ќе биде повлечен. Но, очигледно Мицкоски нема да се откаже од овој начин на именување кадри.

За него и ВМРО-ДПМНЕ број еден приоиртет е послушноста и партиската припадност, а квалификациите изгледа се на последно место. Токму оваа политика ги обесхрабрува граѓаните и професионалците кои ја губат довербата во институциите и бараат работа надвор од државата. Не е ни чудно што Владата е катастрофа, со ваква кадровска политика не може повеќе да се очекува.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека институциите се место за вдомување на партиски кадри. Тие никогаш не научија дека пред се тие луѓе треба да им служат на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага