СДСМ: 30 дена провладиниот Курир молчи за милионските приходи

Од:

„30 дена провладиниот Курир молчи како и на кој начин го финансира.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков.

Зошто „Курир“ молчи? Што крие?

Креирајќи лажна реалност, главните уредници на провладините гласила, Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Р.Македонија, додека тие се возат во мерцедеси од 600 000 евра.

30 дена Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.

Додека бизнисите на фамилијата и Груевски вртат вртат милионски приходи, 10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување.

1.3 milioni evra prihodi Kurir (1)

Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие.

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа Курир шири пропаганда и ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква лажна реалност и ги штити криминалите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.

Наскоро ќе се дознае што е Курир, како се финансира и од чии пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски