(ВИДЕО) СДСМ: 15 милиони евра за СГС на Сашо Мијалков

Од:

Се сеќавате дека уште во 2014 година СДСМ објави дека зад агенцијата за обезбедување Секјурити груп сервисис, или накратко СГС, стои директорот на УБК Сашо Мијалков? Се сеќавате дека и власта на Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ негираа дека Мијалков стои зад оваа фирма?

Јавноста ќе ја слушне вистината: братучедот на Никола Груевски, директор на УБК, Сашо Мијалков, стои зад фирмата СГС којашто добива милионски тендери од институции, министерства, општини, јавни претпријатија, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста ќе ја дознае вистината, како тоа оваа компанија, за период од само три години, успеала да склучи договори вредни 15 милиони евра.

Во првиот разговор, помеѓу Сашо Мијалков и Слободан Николовски-Цобе, еден од клучните луѓе во Агенцијата, се отркива дека Мијалков ги обезбедува тендерите за СГС.

Мијалков го информира Николовски дека го контактирал Зоран Коњановски, тогаш на позиција заменик-инистер, за да му достави на Николовски тендерска документација за, како што вели Мијалков „да се спреми стратегија“.

Ќе слушнете како Николовски го информира Мијалков дека бројот на вработените во СГС достигнал над 930 луѓе на што Мијалков вели „чекај, уште да го завшриме ова со Ти-мобајл и ќе одиме до 1.100“.

Дополнително, Мијалков вели дека ќе го контактира Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле за Македонија, инаку кумашин на Мијалков, за како што самиот вели „да види до каде е таа работа“, рекоа на прес конференцијата на СДСМ во Кавадарци.

11. Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Цобе, што правиш бе?

СН: Е, директоре здраво. Добро, Вие што правите?

СМ: Добар, еве малце да ти кажам…

СН: Да одморите.

СМ: Излезен сум и така, да.

СН: Добро. Ја дома, гледам вести, па така, да.

СМ: Ти се јави Коњановски?

СН: Не, не ми се јавил. Не ми се јавил.

СМ: Му го дадов твојот број уште прееска, ќе ти се јави.

СН: Да.

СМ: Започната е постапката за концесиите.

СН: Е па добро.

СМ: Па му реков тендерската документација да ти ја даде тебе, да се разгледа.

СН: Да, да, готово, нема проблем.

СМ: За да се спреми, за да се спреми стратегија.

СН: Да, готово, нема проблем, ќе ја земеме и ќе ја разгледаме.

СМ: Значи он ќе те бара, ќе ти ја даде.

СН: Важи, важи.

СМ: Таман тоа нема да биде на…Тоа ќе биде или на следната или на последната седница, ќе се овај, одобрува тендерската документација и врз основа на тоа се почниња постапка, т.е се отвара тендерска постапка.

СН: Да, да, да. Добро…

СМ: Таман јас ќе бидам таму и така да…

СН: Штом ќе ме побара ќе го…ќе ја земеме и ќе ја рагледаме, нема проблем.

СМ: Што има друго ново?

СН: Па ништо, еве работиме. Сега малце годишни одмори, луѓето ги пуштаме на годишни одмори, таа е законска обврска. Така да направивме над 920-930 луѓе сме сега.

СМ: Аха, добро е.

СН: Голема бројка, добро е. Сега е добро, па ќе видиме, здравје. И така.

СМ: Чекај, ова да го завршиме, уште Т-Мобиле и па више доаѓаш до 1.100.

СН: Т-Мобиле и ЕЛЕМ, над 1.200 ќе бидат. Па ќе видиме, здравје само.

СМ: ЕЛЕМ со Дејан.

СН: Како?

СМ: ЕЛЕМ со Дејан.

СН: Да, да, да. Не, постапката и таму веќе, кај и да е, ќе биде. Има тендер, све таму. И таму е…за почеток 50 луѓе таму, па после ќе видиме. Зошто тие имаат нели нивни…

СМ: Чекај, имаш ти контакт со Дејан?

СН: Не, ја тераме таа работа. И тендер објавија и…

СМ: Па не, со Дејан треба да…за да имаш у…

СН: Не, не, нон стоп сме со него, нон стоп.

СМ: Е добро.

СН: ја тераме, за тоа не се секирајте. Викам за почеток 50-тина луѓе ќе бидат пошто тие имаат нивни чувари и сега како…

СМ: Кога ќе се одлучува тоа?

СН: Па мислам таму во септември почнува, зошто тој тендер…до септември мислам.

СМ: Одлично.

СН: Да. Ќе биде, тука ќе се видиме кога ќе дојдете.

СМ: Ај сега баш ќе му свртам и на Жаре да видам до каде е таа работа.

СН: Да, добро.

СМ: Со него. Има нешто ново, таму во Т-Мобиле.

СН: Па сега за сега нема. Тој рече оној пат се слушнав, рече завршена работа е. Сега чекаме, па ќе видиме како ќе биде.

СМ: Добро, види со тоа. Ако треба нешто се слушаме.

СН: Важи.

СМ: Ајде.

СН: Убаво да си поминете, се слушаме.

СМ: Ајде.

СН: Поздрав.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски