А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Санација на оштетени улици во Велес

by А1он07/09/2018 - 15:06274
Share0

Во Велес денеска започна санација на оштетените главни велешки соообраќајници.

Добивај вести на вибер

Како што информира Снежана Дервишова од службата за градежништво на Општина Велес, работите ќе продолжат и утре и во понеделник, a во зависност од временските услови.

– Денеска во месноста „Дворови“ во Велес со бекатон плочки се уреди улицата „Трајко Панов“ која води кон градинката, а таму се бетонира и улицата „Благој Абрашев“. Се поплочува улицата „Прохор Пчински“ која води кон градската црква „Св Спас“. Се уредуваат и улиците „Мицко Козар“ и „Киро Ќучук“. Се поплочи и дел од улицата „Христо Узунов“ и се доуредува паркингот кај Градското пазариште.

Таа појаснува дека како и порано и сега има можност граѓаните да земат градежен материјал од општината и сами да бетонираат своите улици каде што живеат.

Така жителите од Башино Село веќе побарале градежен материјал и ќе ја бетонираат улицата која води до црквата и жителите на „Славе Евтов“ на Камено брдо во Велес.

Дервишова информира дека градежни екипи ангажирани од Општина Велес уредија улица во велешко Горно Оризари а ја асфалтираа и улицата во Сателитската Населба кај Езерото „Младост“.

Таа најави дека ќе се уредат и улици во велешките села Црквино и Иванковци и други села.

veles

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски05/08/2025 - 15:5005/08/2025 - 16:30

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Катерина Ѓуровски05/08/2025 - 13:09

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Предраг Петровиќ31/07/2025 - 15:44

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Горан Наумовски30/07/2025 - 18:51

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски27/07/2025 - 16:0727/07/2025 - 16:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен