Само некои училишта со добри услови за настава во Кичево

Од:

Со звукот на училишното ѕвонче, започна наставата во сите училишта низ државава. Нова школска година учениците од Кичево ги дочека со недоволно добри услови за работа во некои објекти.

Директорот на ОУ „Реџо Рушит Зајаси“, Сулејман Дервиши, рече дека наставата во подрачното училиште во село Колара продолжува во стариот објект, кој пред неколку месеци беше бојадисан и многу брзо се чека да добие и нов покрив.

Во сите подрачни училишта во Зајас недостасуваат спортските сали, а само централното училиште има добиено нова спортска сала, која набрзо треба да биде пуштена во употреба.

Во меѓувреме, состојбата на сите училиштата на Санде Штерјоски се подобри и речиси сите веќе се сместени во нови или во реконструирани објекти.

„За изградба или реконструкција на училиштата примивме грантови од јапонската амбасада во Виена, организацијата ТИКА од Турција, Светската банка, УСАИД, УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Општина Кичево. Исто така, ние ги имаме сите алатки за практична настава за физика, биологија, хемија, кои ни беа овозможени од организацијата СОРОС“, рече директорот на ОУ Санде Штерјоски, Љуљзим Мехмети.

Од 15. септември ќе се отвори и новото подрачно основно училиште во село Махмуте, каде што досега учениците одржувале настава во приватна куќа.

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование