Сахара Балкански мировен фестивал во Скопје

Од:

Во Скопје денеска и утре првпат ќе биде одржан Сахара Балкански мировен фестивал, кој се организира по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството.

Фестивалот ќе биде отворен попладне со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности. Официјалниот почеток ќе биде со полноќен настан на Камениот мост кој заедно со центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино. На плоштадот „Македонија“ и на Камениот мост ќе настапат индиски танчерски групи и деца од СОС Детското село.

Утре ќе биде одржан добротворен мировен самит. Организаторите најавуваат присуство на околу педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји. Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер.

По повод фестивалот, во Скопје пристигна и сопственикот на Сахара групацијата, Субрата Рој.

Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска