Саемска презентација „Студирај во Пекинг 2018“

Од:

Претставници од девет факултети и средни училишта од кинескиот главен град учествуваат на саемот за образование „Студирај во Пекинг 2018“ кој денеска се одржува во Скопје, каде што средношколци и студенти може да се информираат за студирањето и за можностите да добијат стипендија. Високообразовните институции кои се претставуваат во Скопје, нудат стипендии во сферата на правото, финансиите, новинарството и комуникациите.

Заменик-директорката на Комитетот за образование на Град Пекинг Џин Хонглиен на отворањето на саемот истакна дека Пекинг има 92 високообразовни институции, од кои 40 имаат 384 студиски програми на англиски јазик. Рече дека престолнината има долга историја, но воедно е и современ, отворен и инклузивен град во кој образованието има огромна улога.

-Создаден е интегрален образовен систем за меѓународни студенти којшто е во состојба да им помогне на студентите од странство со образование на сите рамништа. Заклучно со 2017 година во образовните институции на Пекинг на сите нивоа вкупно има над 130 000 странски студенти кои доаѓаат од 193 земји. Со цел да им овозможи финансиска поддршка на странските студенти, кинеската влада ги има воспоставено програмите Кинеска владина стипендија, како и стипендијата на институтите „Конфуциј“. Пекинг има стипендија на Град Пекинг за странски студенти, а некои образовни установи имаат и сопствени стипендии, рече Хонглиен. Таа ги покани македонските студенти да го посетат Пекинг, таму да учат и, како што рече, да ја почувствуваат древноста и современоста на нивниот град.

На саемот, на кој присуствуваа средношколци од неколку скопски училишта, за улогата на обрзованието и пријателските односи меѓу Македонија и Кина зборуваа кинеската амбасадорка Јин Лишијан и заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов.

Амбасадорката Лишијан рече дека образованието е клуч за економски и општествен развој на секоја земја и дека големите можности и понуди за едукација се и можности за соработка меѓу двете земји. Заменик-министерот Атанасов псоочи дека во 2016-2017 година се реализираале девет заеднички научно-истражувачки проекти, во областите информатички науки и технологии, земјоделство, биологија, градежништво и земјотресно инженерство и сеизмологија.

Претставниците од делегацијата од Пекинг ќе посетат дел од факултетите во земјава каде што ќе се запознаат во кои области може да се воспсотави соработка. Таа, главно, ќе биде насочена кон студентските програми за размена, преку кратки и подолгорочни програми, соработка во сферата на научните конференции и средби, како и во областа на образовните искуства и студирање.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат