Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

Од:

Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината Кожуф каде има приземен пожар, во Општина Желино во село Мерово каде гори мешана шума и во село Церово каде гори ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати