Руската амбасада организираше изложба за победата над фашизмот

Од:

По повод Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Русија во Македонија денеска на Правниот факултет во Штип организираше изложба на фотографии, насловена „Победа над фашизмот: Како се постигна?“.

Михаил Лушин, аташе во Амбасадата на Русија во Македонија, истакна дека изложба содржи 50 постери на кои се претставени фотографии од учеството на Русија во Втората светска војна.
– Претставено е она што нашиот народ го има преживеано во текот на таа многу жестока борба со фашизмот, бидејќи ние не го одвојуваме нашето учество од учеството на целото човештво во таа голема војна против хитлеризмот. Голем дел од изложбата посветивме и на оние настани кои се случувале во Европа и на улогата на нашите сојузници, рече Лушин. 

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип Блажо Боев истакна дека изложбата „Победа над фашизмот: Како се постигна?“ е договорена со рускиот амбасадор при неговата последна посета на Штипскиот универзитет и дека во наредниот период ќе следуваат и низа други активности.
– Нашиот универзитет има интезнивна соработка, не само со Амбасадата, туку и со повеќе универзитети во Руската Федерација, тргнувајќи од Московскиот универзитет, потоа Универзитетот во Самара, така што голем број студенти од нашиот универзитет имаат заминато преку размена, а исто така и ни доѓаат студенти од Русија, истакна Боев.

Додаде дека се отворени за соработка со универзитетите од сите земји во светот, со цел размена на искуства и подобра и поголема промоција на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Брисел размислува за европска дипломатска академија

А1он

Промоцијата на книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката“

Ана Ололовска

Кристијан Тимоние нов амбасадор на Франциија во Македонија

Емир Латифовиќ

Чешкиот претседател Земан во јуни во посета на Македонија

Емир Латифовиќ

Борче Марковски почесен конзул на Белорусија во Македонија

Емир Латифовиќ