ВИДЕО: „Роби малку да го стегнеме, многу се прави независен“

Од:

Исто како во Прилеп со упадите, затворените фирми и драконските казни, се случувало и во Штип. Приватни фирми биле под жесток притисок на власта. Оние што не подлегнале на притисокот, заканите за инспекции и драконски казни веднаш биле реализирани.

Во првиот разговор, помеѓу Миле Јанакиески и Ванчо Костадинов, се констатира дека приватната фирма „Ваго Петрол“ не сака да се предомисли, односно не сака да одработува за власта. Во вториот, Јанакиески дава налог за тоа да биде известена пазарна инспекција и директорот на УЈП Горан Трајковски.

Во третиот разговор поранешниот градоначалник на Штип и директорот на Царина, Влатко Мијалков договараат кои бизнисмени од градот Штип треба да бидат притиснати а кои, како што велат, треба да бидат сотрени, рекоа на прес конференцијата на СДСМ во Штип.

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Миле Јанакиески

ВК: Ало

МЈ: Како се вика….

ВК: Е извини министре може уште еднаш, нешто се испрекинува…

МЈ: Овај со бензискиве како се вика од Штип?

ВК: Ваго Петрол и има две бензиски едната е кај…

МЈ: Да го дираме него или ќе се премисли?

ВК: Нееее, не сака да се премисли, сите му се јавувавме и јас и Јованче Андоновски и Соња Липиткова братучеди со мажот и одеше на преговори…јас колку пати сум и помогнал, еден куп пати, општината зема од таму гориво, не сакаше да се премисли. И на Истатов му се јавив, му се јавил викал пиштол да ми стаат не се премислувам. Значи тоа е последното од ..доо..

МЈ: Ваго петрол се вика?

ВК: Ваго петрол, значи во Штип мотел и бензиска Ваго петрол….Во Штип и бензиската пумпа во Крупиште со мотелот.

МЈ: Добро…

Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Миле Јанакиески

ВК: Е сеа, значи останува овој Ваго петрол шо има бензиски, одбива значи по секоја цена, значи никој…сите интервениравме таму и Јован Андоновски и Соња Липиткова и градоначалникот, значи сите…вика пиштол да ми стаете, одбивам… а од Гевгелија ги обезбедив сите уште овој се чека од да…

МЈ: Доброо, дајте ми Ваго што му… да видиме пиштоли..

ВК: Да бе значи знаеш две бензиски значи има, таму се знае кој може да претендира…значи пазарна ии…

МЈ: Јави и се на Бети нека одит денеска одма, јави и се на Бети… Ајде денеска уште…и на Горан Трајковски пушти му

Разговор помеѓу Зоранчо Алексов и Влатко Мијалков

ЗА: Абе ти знаеш шо праев ја последните две недели чоек…па ја до 3/4 со колата вртев ко будала, значи ги следев, правев… се збореше низ градов, градоначалникот се пуштил у поход да лови кои продаваат гласови…со месни комитети, ги гонев уште камшик да земев, ако не се организиравме како што треба за никаде ќе бев…

ВМ: Да, да…значи сега треба да му напрајме стратегија на овој Мите…

ЗА: Мите шефе треба малку да го притиснеме, се понаша ко да е цар у градов да ти кажам…вии две работи да ти кажам, значи слушај… ааа тука еден човек..со еден човек седам ептен мој човек е и јас сум… да знаеш дека не зборам пред други луѓе. Зничи Мите Нико Петрол треба да го сотреме ама Роби малку да го стегнеме на наша страна шефе многу се прави независен.

ВМ: Роби?

ЗА: Роби Роби Телекабел

ВМ: A тоа ѓубре е…

ЗА: Тоа е ѓубре Роби

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски