Ристовски: За оваа година планирани 3,7 милиони евра за поддршка на иновации

Од:

До 3 мај 2017 трае повикот на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на заинтересираните стартап претпријатија кои може да аплицираат за грантови до 30.000 евра за да развијат иновативно решение со глобална перспектива.

Успешен корисник на таков грант е компанијата „Вејпр апликации“ ДООЕЛ. Постои околу две и пол години и била формирана со намера да развие софтверски производ за средни компании, кој значително им ја олеснува ИТ-администрацијата и интеграцијата на нивните основни ИТ-системи.

– Софтверот го решава проблемот на приватен клауд, односно за брзо време можеме да подигнеме готови, интегрирани апликации кои им се потребни на речиси сите средни компании. Софтверот е отворен и ние наплаќаме од одржување, поддршка и кастомизација. Голем бенефит за компанијата беше што го добивме кофинансирањето од страна на Фондот за иновации, затоа што ни помогна да го довршиме развојот на нашиот софтвер и да можеме поактивно да го нудиме и да го продаваме, изјави Љупчо Вангелски, управител на „Вејпр апликации“ која денеска ја посетија заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорката на Фондот, Јасмина Поповска.

Вангелски истакна дека денес е многу тешко без финансиска поткрепа да се развие компетитивен производ кој ќе се продава и на странски пазари. Но нивната идеја успешно се реализира, па веќе имаат соработка со странски инвеститор кој им отвора можност за директна продажба во Холандија, Германија и во Белгија. – Така што, наша следна цел е да излеземе надвор и да продаваме во странство, рече Вангелски.

Поповска ги повика стартап-компаниите кои се заинтересирани да аплицираат на повикот да го следат примерот на „Вејпр“. Таа соопшти дека покрај стартапите, со овој повик предвидена е и поддршка за десет микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да направат комерцијализација и иновација, кои веќе имаат некаков прототип и со поддршка на Фондот сакаат да настапат на пазарот.

– За овој тип поддршка предвидени се 100.000 евра по проект и тука очекуваме дека десет компании ќе бидат поддржани. Фондот интензивно работи со корисниците и за време на имплементација на средствата, зашто не е лесно откако ќе ја добијат идејата да се преточи во готов производ и да се најдат потенцијалните купувачи. Затоа им даваме техничка помош, консултантски и менторски услуги за да им олесниме подобро да опстанат и по завршување на поддршката од Фондот, рече директорката на Фондот.

Ристовски информираше дека преку Фондот и Владата во изминатиот период се распределени 1,5 милиони евра директна поддршка за иновациите во Македонија.

– Со зголемен интензитет продолжуваме и оваа година – за која се планирани 3,7 милиони евра за поддршка на иновации. Во моментов е актуелен четвртиот оглас на Фондот за иновации и технолошки развој за кој на располагање се 1,45 милиони евра директна поддршка за развојот на иновациите во Република Македонија. Ова е доказ дека Владата, МОН и Фондот се исклучително посветени на развојот на иновациите, не само на целокупниот бизнис-сектор. Само на овој начин може да се биде конкурентен на домашен, но и на меѓународен план, истакна Ристовски при посетата на стартап-претпријатеието корисник на грант од Фондот.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование