Ристовски: Раководствата во студентските домови да бидат транспарентни

Од:

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, на денешната прес конференција апелираше до раководствата на студентските домови и надлежните управители да бидат целосно транспарентни во процесот на селектирање при распределбата на студентските легла.

„Единствен критериум ќе биде законскиот“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање, и додавајќи дека секој што ги исполнува критериумите ќе добие место во студенските домови.

„Доколку се констатира дека некој ја злоупотребил својата позиција ќе биде соодветно санкциониран, а не е исклучено и негово разрешување“, порача тој.

Сместувањето во студентските домови ја заврши првата фаза, според која согласно законските постапки апликации поднесоа студентите од втора, трета и четврта година. Досега се пристигнати над 5000 апликации за студентските легла во студентските домови низ Македонија, а од 19 август продолжува аплицирањето на бруцошите.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование