Ристовски: Новата учебна година со нови и реконструирани училишта

Од:

Средното училиште во Шуто Оризари ќе биде готово до почетокот на новата учебна година на 1 септември, најави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

– Станува збор за денови во коишто ќе бидат завршени сите градежни активности и тоа ќе биде ставено комплетно во функција. Потоа ќе следи негово опремување со целокупниот инвентар, а во соработка со Град Скопје и општина Шуто Оризари ги разгледуваме можностите кои струки да бидат опфатени во училиштето во зависност од интересите и потребите на населението. Ова е прво средно улиште во оваа општина и ќе гледаме во целост да одговориме на потребите на граѓаните од оваа општина, истакна Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека училиштето ќе има капацитет од 400 ученици во една смена, а во зависност од интересите на учениците планирано е да работи во две смени.

Покрај ова училиште, планирано е до почетокот на новата учебна година да бидат ставени во функција и доградбите на двете основни училишта во оваа општина.

Согласно планот на Министерството за изградба и реконструкција на училиштата, се очекува да биде готово и училиштето во селото Србци во општина Могила, како и шесте модуларни училишта во помали населени места.

До почетокот на новата учебна година планирано е да се заврши и со 26-те реконструкции на училиштата од кои 18 основни и 8 средни училишта.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска