Ристовски: Математиката ќе биде лесна, нема потреба од страв

Од:

Полагањето математика како задолжителен предмет на државната матура од оваа учебна година го најавивме пред година и пол. Средношколците не треба да бидат загрижени зашто ќе имаат задачи од основно ниво на математика, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, коментирајќи го незадоволството на учениците од новината во проектот државна матура, во кој досега математиката беше изборен предмет во алтернација со странски јазик.

– Јас ја разбирам загриженоста и вознемиреноста на учениците, меѓутоа би сакал да апелирам до нив и да укажам на тоа дека станува збор за основно ниво на математика. Не треба да постои каков било страв кај нив од аспект на тоа дали и како ќе успеат да ја совладаат материјата, затоа што јас верувам во нивниот капацитет, рече Ристовски по посетата на ОУ „Александар Македонски“.

Посочи дека Македонија како кандидат за ЕУ треба да ја следи европската практика каде што математиката се изучува и во општествените науки, а не само кај техничките. – Земјите-членки на ЕУ веќе долги години ја имаат математиката како задолжителен предмет на сите нивоа, не само во гимназиското образование, дури и во средните стручни училишта. Нашите ученици се исто толку квалитетни, според мене, колку и учениците во Британија или во други европски земји, па еве и во Хрватска, за да ја совладаат математиката. Јас верувам во нив, додаде Ристовски.

Соопшти деека во претстојниот период МОН планира можности за обука на учениците кои ќе бидат заинтересирани за дополнителни часови по математика. Сигурен е дека ќе се надмине првичната загриженост и дека матурантите, како што рече, ќе осознаат дека реформата е за нивно добро.

Рече и дека е земено предвид тоа што учениците имаат различен фонд на часови во наставата и затоа нивото е основно.

– Ние сето тоа го имаме во предвид и токму затоа велам задачите и она што ќе биде понудено како испитен материјал за државната матура за учениците ќе биде општоприфатливо ниво за сите. Верувајте, не ни е целта ниту еден средношколец да го доведеме во ситуација да полага нешто кое не го учел или ќе му биде преобемно или претешко. Но мора да почнеме, затоа што навистина е неопходно зголемување на нивото на познавање на математика во Република Македонија, рече заменик-министерот за образование и наука.

На новинарско прашање дали е вршен притисок врз професори за изборите, како што обвини опозицијата, Ристовски одговори дека нема намера да коментира „креирани материјали коишто се стекнати на незаконски начин и за кој се води сериозен правен процес“.

– Ќе оставам сето тоа да се реши во една транспарентна судска постапка за која и премиерот и другите претставници на Владата укажаа дека ќе оставиме да судот си ги осознае, односно дефинира сите понатамошни постапки, одговори Ристовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март