Ристовски го посети училиштето во штипската населба Македонка

Од:

Министерот за образовние и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев денеска го посетија подрачното училиште во населбата „Македонка“.

Ристовски беше информиран за текот на реконструкцијата на ова основно училиште, во кое се едуцираат околу 70 деца од населбите Железничка, Балканска и Чардаклија.

Според раководителот на Секторот за јавни дејности и ЛЕР при општина Штип, Ване Маневски, реконструкцијата е во завршна фаза.

– Согласно договорот, градежната фирма треба да ја заврши реконструкцијата на училиштето до октомври и според она што се работи може да се каже дека реновирањето е во завршна фаза. Средствата за реконструкцијата ги обезбеди Министерството за образование, изјави Маневски.

Додека се одвиваат градежните работи во училиштето, учениците од понеделник ќе ја следат наставата во подрачното училиште во населбата Три чешми, а општината ќе организира превоз за нив.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски