Рибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

Од:

Маж на возраст од 46 години попладнево се удави во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.

-Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопјеинформираа од полицијата.

Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

-Наша екипа на итна медицинска помош брзо по дојавата пристигна на местото. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на удавеното лице немало траги на насилство, потврдија од Општата болница со проширена дејност.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. На крајот на јуни жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа.

Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Момче се удави во езеро во Хрватска

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Српски државјанин се удави во Грција

Горан Наумовски

Во бессознание бил извлечен од водата – детали за смртта на младиот Македонец на Халкидики

Трагедија во Грција: Момче од Македонија се удави во Ханиоти

Горан Наумовски