Репортери без граници: Одговорните за прислушувањето новинари да бидат изведени пред лицето на правдата

Од:

„Репортери без граници“ и „Цивил“ – Центар за слобода денеска остро го осудија нелегалното прислушување новинари во Македонија и бараат итни мерки за враќање на правдата и владеењето на правото во земјата, стои во соопштението, објавено на интернет-страницата на „Репортери без граници“.

„Оваа операција на масовно прислушување новинари претставува масивен напад врз слободата на медиумите и го доведува во прашање владеењето на правото во целост“, изјавил Кристијан Мир, извршен директор на „Репортери без граници“ – Германија, кој додал дека „ако аспирациите на Владата за кандидат за членство во ЕУ вредат нешто, одговорните за овој масивен напад врз основните права на македонските новинари и на сите граѓани мора да бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата без одложување.“

Во соопштението, стои осврт на четвртата прес-конференција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која тој презентираше материјали според кои, како што рече, Владата прислушувала околу 100 новинари во Македонија, меѓу нив и сопственикот и уредник на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

Од „Репортери без граници“ потсетуваат дека Македонија во изминатите неколку години забележала драматичен пад во однос на медиумските слободи. Според рангирањето на „Репортери без граници“, земјата во 2009 година била на 34. место, додека на годинешниот индекс се наоѓа на 117. место по медиумски слободи.

Би можело да ве интересира

Словенечките медиуми: Безбедносно разузнавачката агенција на Хрватска прислушувала словенечки функционери

СДСМ: Вистинската адреса за нелегално прислушување е дворецот на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

OJO испитува зошто обвинителите биле снимани

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошњаковски: МВР е вклучено во предистрагата за снимените разговори на обвинителите

Ана Ололовска

Две години некој им ги снимал фиксните телефони на обвинителите

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ побара Груевски, Ставрески и Јанкулоска да бидат први сведоци на Анкетната на затворена седница

Ана Ололовска

Leave a Comment

15 − five =