Од денеска до 13 јуни во официјална посета на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе престојува делегација од Московската духовна академија (МДУ), која ќе ја предводи Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Академијата.
Г. Евгениј и делегацијата од МДУ денеска ќе имаат средба со ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски и со деканот на Православно-богословскиот факултет проф. д-р Ацо Гиревски.
За време на престојот во Македонија, архиепископот г. Евгениј ќе посети повеќе цркви, манастири и културно-историски споменици.
Ректорите на УКИМ и МДУ, Стојковски и архиепископот Верејскиј г. Евгениј во јануари 2013 година потпишаа договор за соработка.
Посетата на делегацијата на МДУ, како што се наведува во соопштението од УКИМ, е од големо значење, не само за Универзитетот, туку и пошироко, во насока на зацврстување на македонско-руските пријателски односи.