Реконструкција на улиците во велешко Мамутчево

Од:

Во велешкото село Мамутчево денеска започна проектот за реконструкција на улиците. На почетокот на работите увид направи градоначалникот Славчо Чадиев.

Чадиев информира дека со градежни зафати ќе бидат опфатени седум улици во населеното место. Две ќе се асфалтираат, а останите пет ќе бидат бетонирани. Вкупната површина која ќе се уреди изнесува 1007 метри.

– По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, основно училиште, верски објект и спортски терен. Директни корисници од овој проект се 350 жители односно 80 домаќинства од ова населено место, појасни Чадиев.

Вредноста на инвестицијата изнесува околу 6 милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка.

Како што информираат од општина Велес, ваков проект веќе е почнат и во населеното место Чалошево. Таму се изведува реконструкција на улици во должина од 1062 метри.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите