Реконструкција на повеќе училишта во 2013 година

Од:

Наскоро се очекува реконструкција и рехабилитација на повеќе училишта во земјата, а во следните три месеци треба да бидат завршени уште шест спортски сали, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Сафет Незири одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев.

– Во дел од овие спортски сали освен што ќе се одвива воспитно-образовен процес, ќе се одвиваат и натпревари, затоа што се исполнуваат сите критериуми, најавувајќи дека оваа недела уште две вакви сали во Кочани и во Гостивар ќе бидат пуштени во употреба.

Како приоритети ги наведе изградбата на сали во Голема Речица, Кавадарци, Зрновци, Прилеп, Струмица, Градско, Липково и Арачиново.

Министерот за транспорт и врски рече дека минатата година се завршени вкупно 74 локални патиштата со вкупна должина од 168 километри за што се инвестирани околу 800 милиони денари.
Во текот на 2013 година ќе се реконструираат 32 локални патишта во 19 општини во соработка со Светска банка, а во соработка со Европската банка за обнова и развој ќе има дополнително уште 80 проекти за кои веќе има склучено договори.

– Значи, над 100 локални патишта планирано е да се реконструираат во текот на 2013 година, рече Јанакиески.

Во однос на регионалната патна мрежа истакна дека е предвидено да има градежни активности за инфраструктурно поврзување на Сончев град. Планирани се градежни активности на патниот правец Ангелци-Вељуса-Водоча.

Се очекува оваа година да заврши изградбата на патниот правец Радовиш – Конче, Кавадарци-Мушев гроб, а исто така треба да почнат и градежните работи на патниот правец од Арачиново до Липково и од Бошков мост до Гарски мост.

– Во моментов има јавен повик за ангажирање градежна компанија за почеток на изградба на клучката Брвеница и за завршување на проектот Тетово-Јажинце, рече тој.

Министерот Јанакиески вели дека на крајот на годината се очекува да започнат градежни активности изградба на патниот правец Велес-Кадрифаково што е многу значаен за граѓаните од источниот дел на земјата. Се очекува до крајот на годината да започне и реконструкција на вториот дел од Коридорот 10 од Велес до Катланово.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ