Реконструкција на покривот на ОУ „Страшо Пинџур“ во Чешиново

Од:

Со средства во висина од над еден ипол милион денари ќе се изврши реконструкција на покривот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во Чешиново.

Со реконструкцијата се планира целосна замена на старите керамиди на околу 1000 метри квадратни, како и на дрвената конструкција од покривот, громобранската инсталација и на олуците. Ќе биде поставена и термоизолација.

Изведувач на работите ќе биде компанијата „Тонко СР“ од Кочани, а градежните активности се планира да завршат до почетокот на новата учебна година.

Со новите градежни зафати ќе се докомплетира енергетската ефикасност на училишниот објект, на кој пред пет години се изврши реновирање на фасадата, замена на прозорците и вратите и се воведе парно греење. Средствата за реконструкцијата тогаш беа обезбедени од страна на Општината Чешиново-Облешево преку ГЕФ проектот на Светската банка, како и од донација на Полската амбасада во Македонија.

Би можело да ве интересира

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати