Реконструирана палнинарската патека „Словенска“ на Водно

Од:

Град Скопје ја реконструираше пешачко-планинарската патека „Словенска“, што се протега од потегот кај полициската станица Водно до Средно Водно.

Реконструкцијата, како што информира Град Скопје, е во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и со ЈП „Паркови и зеленило“, со цел да се подобрат условите за спорт и рекреација на сите граѓани во главниот град, да се зголеми безбедноста и пристапноста, како и да се приспособи на европските и светски норми за планинарско-пешачки патеки.

Реконструираната патека почнува на 320 метри надморска височина, а завршува на паркингот на Средно Водно на 580 метри надморска висина. Висинската разлика од стартот до крајот на патеката е 260 метри надморска висина, со просечна косина од 12 отсто, вкупна должина од 2.100 метри и време на минување 40 минути.

Во текот на реконструкцијата на патеката се поставени нови 34 дрвени скали, а реконструирани и заѕидани се и 30 постојни скали. За безбедно движење по патеката на три места е поставена заштитна ограда.

На патеката се поставени и седум нови патокази, четири инфо табли, од кои две на македонски и две на англиски, (две на стартот кај паркингот кај улицата „Тодор Александров“, близу до полициската станица Долно Водно и две на Средно Водно).

За подобра прегледност патеката е обележана со маркери со црвена и бела боја.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов