Денеска во 12:00 часот во ЕУ Инфо Центарот претставниците од регионалната мрежа SIGN ќе одржат прес конференција со цел да ја запознаат јавноста од регионот со мрежата SIGN и да споделат информации околу проектот „SIGN за одржливост“ со кој би се придонело кон зголемување на локалните практики за донирање, во земјите од регионот, а оваа мрежа го спроведува во моментот.
Говорници на конференцијата се: Г-а Ирена Иванова (Делегација на ЕУ), г-а Миа Вукојевиќ (Извршен директор наБалканскиот фонд за локални иницијативи – БЦИФ; Србија) и г. Зоран Стојковски (Извршен директор на Центарот за институционален развој-ЦИРа Македонија).
Во воведниот дел г-а Ирена Иванова ќе зборува за важноста на проектите за зајакнување на граѓанското општество финсирани од Европската унија преку Програмата за предпристапна помош (ИПА) во контекст на поттикнување на регионалното вмрежување и соработка помеѓу граѓанските организации од Западен Балкан и Турција.
По воведот на г-а Иванова, г-а Миа Вукојевиќ ќе даде преглед на проектот „SIGN за одржливост“ кој е регионална иницијатива имплементирана од регионалната мрежа SIGN и фининасирана од Европската Унија преку Инструментот за предпристапна помош за зајакнување на граѓанското општество (IPA-CSF) и кофинасирана од Балканскиот фонд за демократија ( Balkan Trust for Democracy – BTD).
Г-а Вукојевиќ ќе ги претстави активностите на проектот фокусирани кон три главни прашања: подобрување на законската рамка за развојот филанторпија во земјите од Западен Балкан, пренос на научени вештини и промоција на најдобри практики, и зголемена локална поддршка и поголема вклученост на граѓаните во работата на граѓанските организациии. Вкупниот буџет на овој проект изнесува 687.740 евра.
„Благодарение на оваа иницијатива, граѓанските организации ќе бидат потранспарентни, релевантни и ќе добијат поголема поддршка од компаниите и индивидуалците за подобрување на животот во заедниците.“
Миа Вукојевиќ
Понатаму, Зоран Стојковски ќе сподели информации околу целите на мрежата SIGN (Мрежа на локални донаторски организации), како регионална мрежа за развој на филантропијата и локалните заедници. Оваа мрежа е основана во 2009та година како неформална мрежа која има за цел да ја зајакне регионaлната соработка на локалните донаторски организации. Во оваа мрежа членуваат BCIF (Белград, Србија), fAKT (Подгорица, Црна Гора),Фондација Мозаик (Сараево,БиХ), ЦИРа (Скопје,Македонија), FIQ (Приштина, Косово) и Фондацијата VIA (Прага, Чешка Република).
„SIGN е единствената мрежа на локални донаторски организации која е поддржана од ЕУ во полето на стратешкиот развој на филантропијата во регионот на Западен Балкан. Всушност,ова е доказ дека создавањето на поддржувачка околина за локалното донирањеи одржливоста на граѓанското општество се значајни за понатамошниот процес во пристапувањето во ЕУ“
Зоран Стојковски