За сите млади кои се на возраст од 18 до 30 годишна возраст кои сакаат да креираат решенија со кои директно ќе можат да влијаат на својата иднина и за тоа да освојат вредни награди, ќе можат тоа да го направат преку Регионалното натпреварување „Regional Youth Peace Lab 2021“
Натпреварот нуди повеќе можности а тоа се познанства, 12 ментори од регионот, експерти за пишување и застапување на политики за градење мир кои ќе ти помогнат да развиеш предлози во рамки на еден од трите предизвици како образование – квалитет и реформа на образованието во регионот за подобро да се одговори на предизвиците во 21 век, младинска мобилност – мобилноста на младите во регионот во поглед на студирање, патување, работа и учење, мирот и наследството од минатото – оптоварувачкото наследство од траумите кај постконфликтните генерации.
Тимовите ќе имаат задача да ги подготват основните елементи на јавна политика со поддршка од ментор. Решенијата ќе бидат претставени пред јавноста во триминутна видео презентација. Најдобрите предлози ќе ги избере публиката со гласање за нивниот фаворит на платформата од натпреварот. Најдобирите добиваат вредни награди и серификати за учество, Amazon Kindles и подарок ваучери од наградниот фонд од над 5000 американски долари.
Покрај тоа, најдобрите политички предлози ќе бидат објавени во книгата “The WB6 Youth Policy Book” и во “The Guide to the Development of Innovative Public Policies”.
Натпреварувањето „Regional Youth Peace Lab“ 2021 е организирано од Регионалната канцеларија за младинска соработка, Фондот за градење мир на Обединетите нации, Програма за развој на Обединетите нации и Фонд на популација на Обединетите нации, во соработка со Фондацијата Мозаик, компанијата „Beyond42“ и агенцијата Машта.
Сите заинтересирани млади луѓе од регионот на Западен Балкан можат да аплицираат до среда, 14 Април 11:59 часот. Формуларот за пријавување и повеќе информации може заинтересираните да ги добијаат преку меил адресата- [email protected].