Реализирана првата фаза од конзервацијата на куќата на „Нико Доага“ 65 во Крушево

Од:

Реализирана е првата фаза од проектот за конзервација на фасадата на куќата на улицата „Нико Доага“ 65 во Крушево, која е дел од проектот на Владата и на Министерството за култура за реконструкција на фасади на значајни објекти од старата градска архитектура.

Како што соопшти Министерството за култура, конзервацијата на објектот се одвива во неколку фази, а стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во рамки на првата фаза извршија целосна замена на подпокривната конструкција и препокривање на куќата со камени плочи.

Претходно на објектот беше извршено зајакнување на темелите, а се работеше и на обликување на фасадата со основните градежни материјали, дрво и камен се со цел зачувување на амбиенталноста на куќата.

Објектот има конструктивна и естетска концепција типична за крушевските куќи, а во изминатиот период беше со особено нарушен изглед на надворешноста.

Целта на проектот е целосно да се зачува автентичниот изглед на фасадата на објектот кој се наоѓа во непосредна близина на галеријата „Мартиновски“. Тоа ќе придонесе за оформување на комплетна слика за градителското наследство на Крушево.

По обновените фасади на куќите на семејството Важарови и на семејството Бинка, куќата на „Нико Доага“ број 65 е трет објект од староградска архитектура со впечатлива надворешност во Крушево, на кој се обновува фасадата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари