Реакција на Правда за укинатата пресуда за „организаторите на 27 април“: Пропустите остануваат пракса

Од:

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет , односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се вели во реакција од Министерство за правда за укинатата пресуда за „организаторите на 27 април“.

„Го повикуваме со најдобра намера Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и дисциплинска ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“, велат од Правда.

Би можело да ве интересира

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Министерството за правда бара партиите и независните групи да номинираат претставници за работната група за Изборниот законик