Од училиштето „Кузман Јосифовсаки – Питу“ ги демантираат информациите дека се превисоки цените кои се бараат од родителите на учениците и дека се плаќа обезбедувањето на рака, без претходно објавен тендер.
Со оглед дека се зачудени во иднина го упатуваме раководството на училиштето да бидат транспарентни и да не се кријат кога се бараат одговори од нив.
А1он ќе продолжи со приказната базирана на сведоштва од родителите.
Следува интегрално демантот од училиштето.
ООУ ,,Кузман Јосифовсаки – Питу“ Кисела Вода , Скопје во целост ги демантира невистините објавени од страна на поратлот А1ОN.MK. Наведени се невистини за условите за запишување на учениците во продолжителн престој – целодневна настава во однос на лошиот квалитет на храната и начинот на организирање. Начинот на организирање е услогласен според Законот за основно образование, и во однос на храната се води строга контрола како на нејзината припрема во училишната кујна, така и во однос на квалитетот и квантитетот на оброците кој што е контролиран од страна на нутриционист.
Не би сакале да давате ваши паушални,лажни цени кои воопшто не кореспондираат со вистинската цена на чинење на услугата за исхрана која што е добиена преку уредна тендерска документација согласно законските одредби. Училиштето нема организирано претстави во оваа учебна година.Единствена организирана посета приложена на Советот на родители и прифатена од нивна страна е посета на детскиот фестивал ,, Златно Славејче ,, чие што чинење е далеку пониско од она што порталот го наведува.
По долгогодишно барање на родителите и извршени анкети за нивна потреба за ангажирање на физичко обезбедување, од страна на Советот на родители е спроведена постапка за физичко обезбедување во училиштето, со објавување на јавен оглас и истите како надлежно тело по разгледување на понудите донесоа одлука за избор на фирма за обезбедување.
Училиштето не се јавува ни како барател на физичко обезбедување и не се меша во одлуките на Советот на родители. Повторната невистина во одос на цената која што е 10 пати пониска од онаа што е објавена во порталот не наведува како училиште да се запрашаме со каква цел е објавен овој текст.
Не сакаме да веруваме дека сите овие невистини со кои што се служите и јавно ги изнесувате во Вашиот портал се користат за политички маркетинг, а притоа да не ја проверите реалната и вистинска состојба во училиштето.
Со почит, Мишела Николовска – Милеска