Реакција на граѓански организации: Итни демократски реформи до политичките партии кои учествуваат на парламентарните избори

Од:

Ние, учесниците во иницијативата за итни демократски реформи ги повикуваме партиите кои учествуваат на парламентарните избори да ги вратат демократските стандарди и вредности во Република Македонија.

Бараме политичките партии безусловно да се посветат на следните приоритети:

ЈАВНИ ФИНАНСИИ И  ЕКОНОМИЈА

Поради нарушена фискална дисциплина, бараме враќање на фискалната транспарентност и отчетност заради поефикасно, поекономичнo и поефективно користење на јавните ресурси.

ПРАВОСУДСТВО

Со цел да се обезбеди независното функционирање на судството и да се врати довербата на граѓаните, бараме да се обезбедат сите законски и институционални услови за непреченост во работата на Специјалното Јавно обвинителство и продолжување на неговиот мандат. Во таа насока, бараме да се формира специјално судско одделение но и посебно одделение во рамките на УБК што би постапувало по барањата на СЈО.

БОРБА ПОРТИВ КОРУПЦИЈА

Поради констатираното политичко/партиско влијание во работата на надлежните институции за борба против корупција неопходно е пратениците да побараат оставки од членовите на ДКСК, ЈО на РМ, Судскиот совет и Советот на ЈО, како морална одговорност за масовната корупција во нивните сектори. Добербата мора да се врати, но и да се обезбеди транспарентност при изборот на членовите во овие тела.

МЕДИУМИ

Поради постојани политички и економски притисоци, медиумите и новинарството веќе не му служат на јавниот интерес и на граѓаните. Бараме власта да престане да ги користи медиумите како алатка за политичко промовирање и да прекинат сите закани и притисоци врз новинари. Од сите политички партии бараме да се заложат за системски реформи во медиумската област.

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Да се оневозможи политичко мешање во вработувањето и напредувањето на вработените во јавната администрација, за да се спречи политичкиот клиентелизам и да се одвои државата од партијата.

ОБРАЗОВАНИЕ

Процесите на креирање и спроведување на идните образовни реформи мора да бидат транспарентни и инклузивни. Новите законски измени треба да се ослободат од казнените одредби и  да се фокусираат на подобрување на квалитетот, на реформа на инцијалното образование и дообуката на  наставниците, на запирање на натамошната експанзија на високото образование како и на демократизација и унапредување на моделите на средношколското и студентското организирање.

Поддржано од:

 

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје

Институт за европска политика

Институт за комуникациски студии

Македонски центар за европско образование

Фондација отворено општество – Македонија

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Центар за економски анализи

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска