Реагираат од ЗНАМ: Неосновани се обвинувањата за имотот на Максим Димитриевски

Од:

Од коалицијата ЗНАМ велат дека се „неосновани обвинувањата изнесени на прес-конференцијата од поранешната претседателка на Советот на Општина Куманово, Мургашанска“.

„Истите клевети на овие теми ги изнесуваа за време на локалните избори во 2021 година кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска. Со правосилна судска пресуда беа осудени, се извинија и платија штета. Истото ќе се случи и во овој случај со Мургашанска. Неосновани се обвинувањата, бидејќи станува збор за земјиште купено со купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога Димитриевски не беше градоначалник и е уредно пријавено во неговиот анкетен лист, како и целиот негов имот“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

Од таму додаваат дека „Истото земјиште кое се наоѓа во делот на градот за којшто опфат е сменет урбанистичкиот план и намената на земјиштето, а согласно проценките на општината и пазарната цена, вредноста на истото е покачена, на кој што износ од страна на сопствениците уредно се плаќа данок на промет по реална пазарна вредност“.

„Тоа земјиште било предмет на размена за имот – стан купен со купопродажен договор и платен со банкарска трансакција и платени сите давачки. Употребна дозвола за изграден објект не издава општината, а најмалку градоначалникот, туку тоа е во надлежност на техничкиот надзор на објектот со конечниот извештај за градба којшто се спроведува во катастар. Поранешна претседателка на Советот, Мургашанска треба ова да го знае, не во континуитет да продолжува да ја манипулира јавноста“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

А1он