Разрешен заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање

Од:

Заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили е разрешен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Како што објави Алсат-М, револтот кај вработените Албанци во Агенцијата за разузнавање е голем и тие не ја прифаќаат одлуката на претседателот за разрешување на заменик-директорот. Ваквиот потег на Иванов се доживува како одмазда кон ДУИ, која ги бојкотираше последните претседателски избори.

Во оваа институција, со новата систематизација, предвидена од претседателот, во чија ингеремција е Агенцијата, не е предвидена функција заменик-директор.

Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, во ова институција започна со работа во 1999 година, а од 2003 година ја извршуваше функцијата заменик-директор. Ќе се види дали оваа одлука за разрешување е политичка или причина е новата систематизација.

Би можело да ве интересира

Власта предлага ДБК да добие заменик-директор

Ана Ололовска

Директорот на УБК Сашо Мијалков поднесе оставка

Ана Ололовска

АР: Само директорот на Агенцијата се именува од Претседателот, останатите се по ситематизација

Емир Латифовиќ

Кабинет на Иванов: ДУИ се обраќаат на погрешна адреса

Емир Латифовиќ

ДУИ: Иванов носи штетни одлуки за Албанците и за нас е нелигитимен

Емир Латифовиќ

Мијалков: Според логиката на опозицијата, сите се невини

Емир Латифовиќ