Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на в.д. директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански.
Шехтански на 7. јуни си поднесе неотповиклива оставка. Во оставката, тој наведе дека е нелогично да носи олдуки во време кога има нова Влада.
„Ве известувам дека си давам неотповиклива оставка на местото в.д. Директор на Државниот Инспекторат за локална самоуправа. Со оглед да има многу различни толкувања на проблематиката од областа на локалната самоуправа со која раководам, сметам дека со оглед на тоа дека сум именуван од претходен владин состав, нелогично е да носам одлуки во време кога веќе има нов владин состав и нови кадровски решенија кои е логично да одлучуваат и ја водат институцијата во идниниа“, пишува во неговата оставка.